Прејди на содржината

Кепенова класификација на климата

Од Википедија — слободната енциклопедија
Кепенова карта на климите во светот[1]
  Af
  Am
  Aw
  BWh
  BWk
  BSh
  BSk
  Csa
  Csb
  Cwa
  Cwb
  Cwc
  Cfa
  Cfb
  Cfc
  Dsa
  Dsb
  Dsc
  Dsd
  Dwa
  Dwb
  Dwc
  Dwd
  Dfa
  Dfb
  Dfc
  Dfd
  ET
  EF

Кепенова класификација на климата — еден од најзастапените системи на климатска класификација. Првично е осмислена е климатологот Владимир Кепен во 1884 г, со неколку преработки од самиот автор, од кои најзначајните се направени во 1918 и 1936 г. Подоцна во преработката му се приклучил колегата Рудолф Гајгер, па затоа системот понекогаш се нарекува „Кепен–Гајгерова класификација“.

Системот се темели на поставката дека растителниот свет е најдобар показател за климата во едно подрачје и затоа границите на појасите се водат според распространетоста на дадени видови растенија и дрва. Како фактор во класите се земаат и годишните и месечните температури, врнежите и сезоните во кои се јавуваат.[2]: 200–1 

Климите се поделени на пет групи, секоја со свои подргрупи, претставени со ознака од 2 до 4 букви.

ГРУПА A: Тропска клима

[уреди | уреди извор]

Тропските клими се одликуваат со постојано висока температура (на морско ниво и мала надм. височина) — просечната температура преку целата година е над 18 °C. Се дели на следниве типови:

ГРУПА B: Сува (пустинска или полупустинска) клима

[уреди | уреди извор]

Оваа клима се одликува со фактот што годишното количество на врнежи е под прагот на потенцијална евапотранспирација[2]: 212 :

ГРУПА C: Умерени клими

[уреди | уреди извор]

Оваа клима се одликува со просечна температура над 10 °C во најтоплите месеци (април до септември на северната полутопка) и -3 °C до 18 °C во најстудениот месец. Се дели на следниве типови:

ГРУПА D: Континентална клима

[уреди | уреди извор]
Сапоро под снег

Просечната температура во оваа клима е над 10 °C во најтоплите месеци, и под −3 °C во најстудените. Се јавува во внатрешноста на континентите и горните источни крабрежја, посеверно од 40° СГШ. На јужната полутопка, климата од групата D се крајно ретки поради помалите копнени маси во средните напоредници и речиси целосно отсуство на копно во појасот 40°–60° ЈГШ. Се јавува само во планините. Се дели на следниве типови:

ГРУПА E: Поларна клима

[уреди | уреди извор]

Оваа клима се одликува со просечна температура под 10 °C преку целата година:

  • тундранска клима (ET):[2]: 235–7  Најтоплите месеци имаат просечна температура од 0 °C до 10 °C. Појасот се протега во најсеверните делови на Северна Америка и Европа. Стенли, Фолкландски Острови и Нук, Гренланд.
  • вечноледена клима (EF):[2]: 237  Просечната температура е под 0 °C преку целата година. Присутна е на Антарктикот и во внатрешноста на Гренланд.

Кепенови карти на континентите

[уреди | уреди извор]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. ↑ Peel, M. C. and Finlayson, B. L. and McMahon, T. A. (2007). „Updated world map of the Köppen–Geiger climate classification“. Hydrol. Earth Syst. Sci. 11: 1633–1644. doi:10.5194/hess-11-1633-2007. ISSN 1027-5606.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link) (direct: Final Revised Paper)
  2. 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 McKnight, Tom L; Hess, Darrel (2000). Physical Geography: A Landscape Appreciation. Climate Zones and Types. Upper Saddle River, NJ: Prentice Hall. ISBN 0-13-020263-0.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  3. ↑ Linacre, Edward; Bart Geerts (1997). Climates and Weather Explained. London: Routledge. стр. 379. ISBN 0-415-12519-7.
  4. 1 2 „CHAPTER 7: Introduction to the Atmosphere“. physicalgeography.net. Посетено на 15 јули 2008.
  5. ↑ Tapper, Andrew; Tapper, Nigel (1996). Gray, Kathleen (уред.). The weather and climate of Australia and New Zealand (First. изд.). Melbourne, Australia: Oxford University Press. стр. 300. ISBN 0-19-553393-3.
  6. ↑ „Statistics for AUS WA.Perth.Airport RMY“. EnergyPlus. U.S. Department of Energy. Архивирано од изворникот на 2012-05-15. Посетено на 19 јануари 2009.
  7. ↑ „Climate classification of São Paulo state“ (PDF). Instituto Agronômico de Campinas.
  8. ↑ „Statistics for AUS QLD.Brisbane RMY“. EnergyPlus. U.S. Department of Energy. Архивирано од изворникот на 2012-05-15. Посетено на 19 јануари 2009.
  9. ↑ „Климатолоишки информации за Хулијака, Перу“. Хонгконшка опсерваторија. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2013-05-06. (англиски)

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]