Прејди на содржината

Главна страница

Од Википедија — слободната енциклопедија
слободната енциклопедија

Eнциклопедија што може секој да ја уредува. Моментално има вкупно 165.034 статии на македонски јазик и 329 активни уредници!
Напишете нова статија!

Избрана статија

Александар Ончев Мартулков, познат по псевдонимот Бизмарк — македонски револуционер и политичар. Меѓу првите пропагатори на социјализмот во Македонија. Деец на Македонската револуционерна организација и учесник во Илинденското востание. Член и раководител на ВМРО (Обединета) во 1930-тите.

Роден во сиромашно работничко семејство, стекнал више образование во Скопското педагошко училиште. Во 1894 година се приклучил во социјалистичкото движење со поттик од Васил Главинов. Како член на Македонската социјалистичка група, учествувал во првото празнување на ден на трудот во Бугарија. Во 1900-тите соработувал со Велешкиот револуционерен реон и Иван Аљабакот. Во 1906 година се преселил во Софија каде се приклучил во Бугарската комунистичка партија. Учествувал во политичкото управување на Македонија по Младотурската револуција.

За време на Првата светска војна, го основал Комитетот на дезертери каде префрлил македонски борци од српската војска во Царството Бугарија. Во текот на војната бил секретар на Општина Оморани и подоцна чиновник во Косово и Метохија. По војната се приклучил во Емигрантскиот комунистички сојуз и Велешкото благотворително братство „Рајко Жинзифов“. Во 1931 година бил одбран за пратеник во народното собрание на Бугарија, заедно со Христо Трајков. Во 1932 година почнал со издавањето на весникот „Македонско знаме“, следната година доживеал неуспешен обид на атентат од Михајловистите. На 8 јули 1936 година, го осудиле Мартуков заедно со останатите членови на ЦК на ВМРО (Обединета).

Учествувал во Народноослободителната борба. Во 1944 година се приклучил во Президиумот на АСНОМ и подоцна во народното собрание на НР Македонија. Помогнал со спроведување на Илинденската пензија и подоцна доделување на Илинденската споменица. Во 1954 година ги објавил неговите спомени насловени „Моето учество во револуционерните борби на Македонија“. Во текот на 1960-тите, Лазар Колишевски го изолирал Мартулков од секојдневните политички функции. Незадоволен со режимот, се преселил во Народна Република Бугарија каде починал. (Дознајте повеќе...)

На денешен ден...

Денес е 1 октомври 2026 година и издвоени настанати од времепловот се:

Настани:

331 п.н.е.  Александар Македонски го победил Дариј III во Битката кај Гавгамела.
1795  Белгија е освоена од Франција.
1827  Руската армија под водство на Иван Паскевич го освојува Ереван, завршувајќи го милениумот на муслиманска доминација во Ерменија.
1869  Австрија ги издава првите разгледници во светот.
1880  Првата фабрика за електрични светилки е отворена од Томас Едисон.
1891  Во Калифорнија се отвора Стенфорскиот универзитет.
1908  Форд го претставува „Модел Т“, првиот автомобил кој се произведувал на лента. Со цена од 825 долари, продадени се над 15 милиони возила во текот на 19-годишното производство.
1943  Околу 4.000 балисти, заедно со германски офицери и војници, на планината Буковиќ, Кичевско, извршија напад врз слободната територија на Западна Македонија.
1943  Петтата армија на САД го зазема Неапол (Италија).
1949  Водачот на Комунистичката партија Мао Це Тунг го прогласил создавањето на Народна Република Кина.
1989  Во Данска е озаконет истополовиот брак. Според данскиот закон, се вика „регистрирано партнерство“.

Родени:

205  Александар Север — римски цар.
1207  Хенри III — крал на Англија.
1507  Џакомо Бароци да Вињола — италијански архитект и теоретичар.
1644  Алесандро Страдела — италијански композитор.
1754  Павле I — руски цар.
1791  Сергеј Аксаков — руски писател.
1891  Анѓел Динев — македонски општественик и публицист.
1904  Владимир Хоровиц — американски пијанист и композитор.
1920  Шерафетин Неби — македонски глумец.
1924  Џими Картер — американски политичар, 39. претседател на САД.
1927  Том Босли — американски глумец.
1929  Анте Младиниќ — хрватски и југословенски фудбалер и тренер.
1936  Данкан Едвардс — англиски фудбалер.
1943  Хусто Хорхе Падрон — шпански поет.
1945  Дони Хатавеј — американски џез и блуз музичар.
1946  Сервет Авзиу — македонски политичар.
1946  Дејв Холанд — англиски џез-музичар.
1946  Александар Кујунџиски — македонски писател.
1954  Мартин Стрел — словенски пливач.
1954  Дончо Димовски — македонски математичар.
1965  Андреа Гардини — италијански одбојкар.
1966  Жорж Веа — либериски фудбалер и политичар.
1969  Николаос — принц на Грција.
1972  Стевче Алушевски — македонски ракометар.
1981  Жулио Баптиста — бразилски фудбалер.
1983  Мирко Вучиниќ — црногорски фудбалер.
1985  Хосе Ерада — шпански велосипедист.
1987  Ваут Пулс — холандски велосипедист.
1987  Гжегож Ломач — полски одбојкар.
1989  Адам Блајт — британски велосипедист.
2001  Мејсон Гринвуд — англиски фудбалер.

Починале:

1404  Папа Бонифациј IX — римски папа.
1684  Пјер Корнеј — француски писател.
1708  Џон Блоу — британски композитор.
1808  Карл Готхард Лангханс — пруски архитект.
1923  Ефрем Чучков — македонски револуционер и војвода од ВМРО.
1970  Петар Коњовиќ — српски композитор.
1979  Прегуњо — бразилски фудбалер.
1984  Благоје Марјановиќ — српски фудбалер.
1986  Тришо Стојановски — македонски писател.
1988  Павле Вуисиќ — југословенски и српски глумец.
1994  Пол Лорензен — германски филозоф.
2003  Анте Поповски — македонски поет.
2007  Ал Ертер — американски атлетичар.
2025  Џејн Гудал — британска приматологистка и етологистка.
Издвоен цитат
„

„Младите имаат многу радости и многу таги, бидејќи се имаат само себе си за кого да мислат, па така секоја желва и секоја помисла добива важност. Секое задоволство е почуствувано во целост, но исто така и секоја тага, и многу кои не можат да ги исполнат своите желби, веднаш ставаат крај на својот живот.“
— „Гертруда“, Херман Хесе, 1910 год.

“
Слика на денот

Хорот на Катедралата во Малага, Шпанија, изградена од 1528 до 1782 г.
Дали сте знаеле...


Поглед на Б’с
Поглед на Б’с


Што е Википедија?

Изданијата на Википедија се места каде многу различни доброволци работат заедно за да напишат енциклопедии на различни јазици. Овој проект претставува енциклопедија на македонски јазик и моментално има 165.034 енциклопедиски статии. Целата нејзина содржина е лесно достапна и слободна за употреба. Нашата мисија е да го собереме целото човеково знаење на македонски јазик — знаење кое е бесплатно, слободно и лесно пристапно за секого.

Сакате заедно да ја оствариме целта?
Најпрво, започнете со нашиот вовед!

Заедница
Селска чешма — главно место за разговор поврзан со Википедија. Селската чешма е место каде што можете да поставувате прашања, решавате проблеми, да помогнете на заедницата и заедно да ја развиваме енциклопедијата.
Портал на заедницата — збирно место поврзано со тематски проекти. Тука може да најдете тематски портали од различни области, каде може да придонесувате и да ја збогатувате Википедија.
Викисредби — можност за дружење, размена на идеи и предлози за развојот на Википедија - во живо!
Тековни настани — бидете во тек со развојните настани на Википедија. Следете го развојот на најголемата енциклопедија во светот!
Повеќејазичност — слободната енциклопедија е достапна и на голем број други јазици, освен македонскиот. Истражете ја и на друг јазик!
Братски проекти

Фондацијата Викимедија е непрофитна организација која, покрај Википедија, опфаќа и други проекти:

Ризница — складиште на мултимедијални содржини
Викиизвор — збирка на дела и книги
Викивести — вести од светот
Викиречник — повеќејазичен речник и лексикон
Викицитат — збирка на цитати
Викикниги — збирка на учебници и прирачници
Викивидови — именик на видови
Викиуниверзитет — збирка на материјали и активности за учење
Мета-вики — усогласување на проектот „Викимедија“
Википодатоци— база на слободни знаења
Википатување — туристички водич