Саеми
Организирајте конгреси во Македонија!
Информациите се обезбедени од: www.exploringmacedonia.com
Македонија е совршена дестинација за одржување семинари, конференции и конгреси. Вашите деловни партнери ќе бидат воодушевени од ниските цени и условите кои ќе ги добијат а Вие ќе се претставите во најдобро светло пред нив.
Скопје и Охрид се најпривлечни градови за оваа намена, бидејќи до нив може да се стигне од било кој град во Европа и двата града имаат аеродроми во близина.
Македонија има богато културно наследство, гостопримлив народ и повеќенаменски бизнис капацитети за одржување интернационални конгреси. Секој конргес треба да биде добро организиран и да понуди најмногу што може од нвата дестинација. Во Македонија лесно може да организирате тури од најразлична природа, излети, патувања до занимливи локации како што се Кокино, Цоцев камен, антички градови- Хераклеа, Стоби и секако природните убавини – национални паркови, водопади, езера.
Капацитетот на соби во главниот град Скопје, изнесува 1126 со околу 2000 кревети. Салите исто така се повекенаменски и може да изберете кој е најсоодветна според нивниот капацитет. Универзална сала има капацитет од 1570 седишта, Македонската Национална Опера и Балет собира 800 гости, Драмски Театар 333, Метрополис арената во СКопје собира 3546 гости.
Исто така и хотелите располагаат со добро опремени конференциски сали за чиј капацитет може дополнително да се информирате.
Охрид е град на УНЕСКО и не смеете да го заобиколите дури и во случај конгресот да го организирате во Скопје. Во Охрид може да организирате ВИП конгрес, бидејки има луксузни сали и хотели кои се соодветни и за организирање на Претседателски самит.
Во Охрид има приближно 1700 соби со 4000 кревети. Охрид е прекрасен град кој може да понуди незаборавни културни и историски тури и вредни сувенири како надалеку проучениот Охридски бисер.
Притоа земете вo предвид дека без разлика каков е конгресот и дали ќе биде корисен за сите учесници, Вашата организација не смее никогаш да потфрли. Најлесно ќе го завршите пријавувањето и плаќањето ако го понудите он-лајн. Вашите деловни партнери ќе Ви бидат благодарни и со два клика ќе можат да станат дел од Вашиот настан.
За сите подетални информации како да го изведете тоа може да се обратите кај Националниот Портал за Туризам www.ExploringMаcedonia.com # |