Грбот на Градот Скопје има форма на штит, на кој горната страна е полулак свртен внатре, левиот и десниот горен агол на штитот го прават две коси линии, додека долните страни се надворешно заоблени лакови што завршуваат со врв по средината на долната оска.
Во просторот на штитот се содржани: Камениот мост со реката Вардар, тврдината Кале и снежните врвови на Шар Планина.